Друштвото Бетон АД Скопје на 31.08.2022 година е внесено на Листата за набљудување поради објава дека има блокирана сметка.
На 08.11.2022 година издавачот Бетон АД Скопје преку СЕИ-Нет објави информација дека од Основниот граѓански суд Скопје е објавено решение Бр.140/22 од 1.11.2022 година за поведување претходна постапка за испитување на условите за отварање стечајна постапка над должникот Друштво за градежништво Бетон Акционерско друштво Скопје.
Имајќи го во предвид претходно наведеното донесен е заклучок за проширување на причините за внес на издавачот Бетон АД Скопје на „Листата за набљудување“, поради причината поведена претходна постапка за испитување на условите за отварање стечајна постапка.
„Листата за набљудување“се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.
Внесување на друштвото Бетон АД Скопје на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради објава дека има блокирана сметка и поведена претходна постапка за испитување на условите за отварање стечајна постапка.